натпреварувачи
2 607

Игра на племиња



- Почеток на 13.01.2025 во 15:00 часот, време по сервер [GMT +2]
- Времетраење - 29 дена
- Бесплатна регистрација


Општи правила и услови



- Се допуштаат регистрации единствено на профили над 10-то ниво за верзија 6 и профили со над 500 нето економски поени и регистрирани пред повеќе од 1 седмица пред почетокот на турнирот за верзија 5. Официјално вработените во Imperia Online немаат право на учество.


Основна спецификација на турнирот



- Во турнирот ќе се наптреваруваат 4 племиња: Викинзи, Рицари, Самураи и Хуни.
- При регистрацијата играчите се распоредуваат во едно од четирите племиња на случаен принцип.
- Секое племе ќе населува свој сопствен квадрант на глобалната мапа.
- Сојузи ќе може да се формираат само од играчи од едно исто племе.
- Играчите од секое племе ќе располагаат со модифицирана верзија на Управувањата, која ќе биде зададена по подразбирање, како што следува:
* Викинзи: Империализам
* Рицари: Монархија
* Самураи: Феудализам
* Хуни: Варваризам
- Играчите од сите племиња ќе можат да профилираат опсадни машини. Секоја од останатите 4 видови единици ќе може да биде профилирана само од едно племе. После завршување на крајното ниво на профилирање, ќе биде отклучена уникатна Херојска единица за секое племе како што следува:
* Викинзи: Херојски Копјеносци
* Рицари: Херојска Коњаница
* Самураи: Херојски Мечувалци
* Хуни: Херојски Стрелци
- Во светот на турнирот автоматски ќе се генерира по еден уникатен ресурс за играчите од секое племе, како што следува:
* Викинзи: Јаже
* Рицари: Бронза
* Самураи: Челик
* Хуни: Кожа
Автоматски генерираниот ресурс ќе се натрупува со времето без да зависи по никаков начин од развојот на империите.
- Играчите од секое племе ќе може да ги добијат ресурсите на останатите племиња по два начина: преку запленување со лични напади или преку купување со злато на специјален пазар за ресурси (Во случај играч да купи сопствена понуда со племенски ресурс од пазарот, той нема да биде вклучен во рангирањето "Најмногу продаден племенски ресурс"). При успешно запленување, напаѓачот го зема целиот достапен племенски ресурс на заштитникот. Не се добиваат племенски ресурси во битки против напуштени империи. По ограбување на племенски ресурси од независен град, истиот град може повторно да даде племенски ресурси на соодветниот играч по 2 часа.
Има фиксна провизија за објавување понуда со племенски ресурси на пазарот – 10% од ресурсот што се продава.
- Играчите ќе можат да ги донираат собраните племенски ресурси во сојузната ризница еднаш на 24 часа. Веќе донираните племенски ресурси нема да можат да бидат запленети при сојузен напад.
- Воениот приход после војна ќе вклучува дополнително и определено количество од племенскиот ресурс на противникот. Ова количество ќе биде автоматски генерирано и нема да се зема од империите на играчите или од сојузната ризница.
- Четирите нови ресурси ќе бидат потребни за изградба на Голем храм во сојузните замоци.

Правила на турнирот



- Брзина на развој на Империите - Мега Блиц (х10)
- Брзина на движење на личните и сојзуните војски и сите останати мисии - стандардните за свет х10.
- Сите играчи почнуваат со по 1 милион од секој стандарден ресурс и бонус предмети.
- Сојузите се ограничени до максимум 30 членови (само играчи од едно и исто племе може да формираат сојуз).
- Максималниот опсег по нето економски поени за напади помеѓу играчи е x5.
- Издржувањето на војската ќе варира во зависност од тоа каков процент составува војската од нето економските поени на играчот.
- После 7 часа, единиците со завршена обука ќе бидат автоматски мобилизирани на логин или на секој час додека играчот е онлајн.
- Напаѓачот веќе нема да добива злато за ограбеното население, а 50% од него. Запленетото население ќе се растоварува во поседот од кој бил испратен нападот. Во случај тоа да било воена станица, запленетото население ќе се губи.
- Оддалечени поседи (колонии, трговски и воени станици) ќе можат да бидат основани по целата глобална мапа.
- Нема мод Одмор.
- Нема Празнична заштита.
- Нема Дневни мисии.
- Нема Достигнувања.
- Нема Глобални настани.
- Нема Турнири.
- Нема Претплата за храмот.
- Нема Пештери на Освојувањето.
- Нема Ресурсни наоѓалишта.
- Нема медал Воин на денот.
- Нема Сојузни настани.
- Нема медали за лигите.
- Ќе биде достапен личен и сојузен премиум со еднократно таксување.
- Бројот на нападите по варварски кампови и независни градови е ограничен до 30 и 50 на ден, соодветно.
- Играчите ќе можат да им праќаат засилувања на своите сојузници. Сојузник може да добие војска во вредност не поголема од 50% од неговите нето економски поени. Сојузник може да испрати војска во засилување во вредност не поголема од 50% од златниот еквивалент на целата негова војска. Бројот на испратените и добиените засилувања по едно исто време е ограничен; може да испратите војска во засилување само на еден сојузник, како и да ја користите воената помош на еден од членовите на сојузот. Не е возможно да добиете или испратите повеќе од една мисија за засилување по едно исто време.
- Лимитот на војска распоредена во сојузен посед е 7 милиони.
- Подигнувањето на дијаманти од сојузната ризница нема да биде возможно.

Влијание и замоци



- На глобалната карта ќе има 9 сојузни замоци кои ќе се појават на 15-тиот ден од почетокот на турнирот.
- Замоците шират влијание преку изградба на Голем храм и зголемување на опсегот, но влијанието не е претставено како % задржана територија на мапата, а се пресметува според натрупани поени Влијание.
- 1 профил/ексклузивна зона/престолнина во опсегот на влијание на замок = 1 поен Влијание.
- Поените Влијание се собираат со тек на време и се добиваат на секој час, откако ќе мине 1 час од преземањето на замокот.
- Ако еден сојуз загуби Замок – поените Влијание кои се собрале до тој момент се зачувуваат.
- Ако еден профил се наоѓа во опсегот на влијание на два замоци, тој се вклучува за замокот со повисоко ниво Голем храм. Ако конкурентните замоци имаат еднакво ниво Голем храм – профилот му носи влијание на поблискиот замок.
- Членовите на Сојуз или Федерација чии империи се наоѓаат во опсегот на влијание на сопствен или сојузнички Замок, добиваат 5% бонус производство, +5 дневен бонус задоволство со глобален ефект и +5 морал, со тоа што ќе биде возможно сојузи од различни племиња да влегуваат во федерација. Во војна или под влијание на сојуз од друго племе со кој не сте во федерација, сите империи кои се наоѓаат во опсегот на непријателско влијание имаат 5% пониско производство, -5 дневно задоволство минус со глобален ефект и -5 морал.


Рангирање



- Шампион станува сојузот со најмногу поени Влијание, а сребрени и бронзени медалисти - сојузите на 2-ро и 3-то место по поени Влијание.
- Ако два или повеќе сојузи се со апсолутно еднакви поени Влијание, вториот критериум се нето економските поени на сојузот.
- Во случај помалку од 10 сојузи да успеат да добијат поени влијание, сојузи без поени влијание исто ќе бидат рангирани во финалните топ 10 по нето економски поени.

Награди



- Играчите од сојузите на првите 3 места во крајното рангирање ќе добијат медали за шампиони во своите профили.
- Медал за победа на фракцијата - се доделува на сите играчи од племето на сојузот победник, кои се со повеќе од 10 000 поени.
- Медал за учество - се доделува на сите играчи со повеќе од 10 000 поени.
- Специјален медал за најмногу дониран племенски ресурс во сојузната ризница.
- Специјален медал за најмногу запленет племенски ресурс (вкупно за четирите ресурси).
- Специјален медал за најмногу продаден племенски ресурс на пазарот (вкупно за четирите ресурси).
- Сојузите што се рангирале на првите 10 места во крајното рангирање, ќе добијат дијаманти како што следува: за 1-во место - 6 800 000 привремени дијаманти, за 2-ро место – 4 250 000 привремени дијаманти, за 3-то место – 3 400 000 привремени дијаманти, за 4-то место – 2 550 000 привремени дијаманти, за 5-то место – 2 040 000 привремени дијаманти, за 6-то место – 1 700 000 привремени дијаманти, за 7-мо место – 1 190 000 привремени дијаманти, за 8-мо место – 1 190 000 привремени дијаманти, за 9-то место – 1 190 000 привремени дијаманти, за 10-то место – 1 190 000 привремени дијаманти.
*Сите дијаманти ќе бидат поделени под форма на ваучери со е-пин.


*Тимот на Империја Онлајн го задржува правото да ги променува правилата на турнирот во секој момент, без претходно предупредување и објаснување на учесниците.